Во кугланата, во спортската сала “Младост“ во Битола, вечерва заврши градското првенство во куглање а, веднаш потоа беа прогласени најдобрите.
Првак на Битола во куглање е Александар Јовановиќ со соборени 827 дрвца. Второпласиран е Пецо Димовски со 785, а на трето место со соборени 783 дрвца е Цане Колев, од вкупно дваесет битолски куглари.
Наградите на првите три пласирани им ги додели градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која на присутните натпреварувачи и публиката им нагласи дека ќе се залага предизборното ветување за изградба на мултинаменски спортски комплекс да го исполни.
Покрај Петровска на завршницата на турнирот и доделувањето на наградите беше и пратеникот Васко Ковачевски, претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, како и советниците Методија Илиевски, Борче Корлевски, Тони Коњановски и Иван Чулаковски.
Организаторот на турнирот Игор Михајловски рече дека му е мило што по подолго време на ваков начин се организира ова градско првенство и е задоволен од тоа како кугларе битолските куглари.
-Доделивме десет награди на првите десетмина кои улествуваа на овој дводневен турнир кој се одржа во понеделникот и денес. Покажевме дека Битола има куглари кои заслужуваат подобри услови, рече Михајловски, кој и сам се куглаше и само за две соборени дрвца “му избега“ третото место, кој потсети дека ова градско првенство е дел од прослалавувањето на Денот на ослободувањето на Битола.
С.Ристевски