Press "Enter" to skip to content

Како Битола ќе го прослави на Денот на ослободувањето на градот

Со низа активности и манистации во организација на Општина Битола и градоначалничката Наташа Петровска,  Битола ќе го прослави денот на ослободувањето на градот  4-ти Ноември.

Прославата, денес, ќе започне со традиционален концерт на пензионерската пејачка група “Сирма Војвода“, а ќе продолжи со конференција во организација на Младинскиот културен центар од Битола, насловена како “Европска недела на Претриемништво“. Денес  последна активност е кугларскиот турнир во организација на КК “Хераклеја“.

 

Утре, петок, ќе се одржат две традиционални манифестации: ликовната изложба на ДЛУБ и ноќната атлетска трка.

В сабота, на денот на ослободувањето, 4 ноември, најпрво градоначалничката Наташа Петровска ќе ги прими претставниците на Сојузот на борци од Битола, а оттаму сите ќе замимат на полагање на цвеќе на спомениците кај Центарот за култура, споменикот на Стив Наумов и на Партизанските гробишта.

Во рамките на прославата ќе има и два спортски настани, турнир во шах за слепи лица и летачки активности со параглајдер од  Пелистер.

Потоа ќе има прием на делагации од градовите Плевен од Бугарија и Стари град Београд  од Србија.

Вечерта настаните се продолжуваат во Народниот театар каде ќе се одржи Свечената академија по повод празникот и ќе бидат доделени наградите 4-ти Ноември, за животно дело и за едногодишни остварувања. Претходно во фоајето на Театарот ќе се отвори изложбата на слики донирани на Општина Битола од страна Малиот битолски монмартр.

С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »