Сениорската женска екипа на Топ гол во рамките на 6 коло од првата фудбалска лига за жени издвојува нова победа над екипата ЖФК Тетово 2017 и прокнижи нови три бода на нивното бодовно салдо.
На натпреварот кој се одигра на фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола, битолчанки со конечен резултат од 4:0, а на полувреме (1:0) ги победија тетовчанки.
Головите за Топ гол ги постигнаa, Гелевска 2, Петровска и Ѓоргиоска.
-Им честитам на моите соиграчи за одличната игра и издвојуваната победа. Игравме одлично за време на целиот натпревар и контролота на играта беше кај нас. Оваа победа ќе ни придонеси да ја подобриме нашата самодоверба и да се мотивираме за следните натпревари, изјави капитенот на Топ гол, Тамара Јанковска.
За Топ гол настапија: Колевска, Крбалевска, Миленковска, Гоцевска, Јанковска, Петровска, Ристевска, Ѓоргиоска, Гелевска,Т.Јанковска,Нешковска уште играа А. Петровска, Стојановска, Наумоф, Николовска и Размовска.