Press "Enter" to skip to content

Седум гола на полуфиналето од Купот под Тумбекафе

Пелистер – Победа 5:2 (2:2)

По променливо време, од сонце до силен дожд, околу 500 најверни гледачи под Тумбекафе имаа прилика, како ретко во изминатите година, да уживаат во победа на Пелистер и да видат седум гола, пет во мрежата на Победа и два кај Пелистер.

Натпреварот започна со иницијатива на Пелистер, но првиот гол го постигнаа прилепчани, откако Трифуновски не погоди од пенал во 13 минута, а Победа во 28 минута го казни Пелистер со голот на Ристески.

Но, “пелистерци “ за брзо резултатски се вратија со головите на капитенот Гоце Тодоровски. Прв пат за израмнување погоди со глава, по асистенција на Љамчевски, а потоа во 38 минута со оддличен гол од слободен удар донесе водство од 2:1.

На одмор се отиде со 2:2, со гол од пенал кој го иницираше Тошевски, а го реализира Наумовски.

Само по изминати неколку минути од второто полувреме Пелистер поведе со 3:2, со голот на Пеев по убаво одиграна акција по левата страна. По силниот дожд екипата на Пелистер во 81 минута и во 85 минута постигна два гола за победа на Пелистер од 5:2. Првиот гол Лукас го постигна во негов стил од левата страна со прецизен удар во голот на Победа, а вториот по корнер кој го изведе Љамчевски.

Пелагониското дерби од Купот помина во знак на Пелистер, чии фудбалери ќе патуваат на 28 ноември на реванш во Прилеп.