Битолчанец на возраст од 19 години загина утрово во 7:55 часот на патот Битола-Прилеп кај местото викано Петилеп во сообраќајна незгода која се случила помеѓу четири возила, три патнички и едно товарно, рено твинго, шкода со битолски регистерски таблици, мерцедес со скопски таблици и камион МАН, со велешки регистерски таблици.
Во сообраќајката изгоре мерцедесот, а имало и уште неколкумина повредени лица.
На местото на сообраќајната несреќа имаше две амбулантни возила кои ги пренесуваа повредените, едно пожарникарско возило, како и возила на полицијата.
Исто така, сообраќајна несреќа по брзо време се слуши и на патниот правец Прилеп – Градско, каде едно возило беше излетано од патот. Додека го извлекуваа возилото со помош на влечни возила сообраќајот беше прекинат најпрво во двата правци, а потоа и во еден.