Press "Enter" to skip to content

Кристијан Тошевски единствен репрезентативец од фК Пелистер

На списокот на селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангелевски, оваа сезона секогаш се наоѓа фудбалерот на Пелистер, Кристијан Тошевски, а на списокот е и за последниот натревар на репрезентацијата против Норвешка.

Тошевски е втора сезона во Пелистер, а во зелено-белиот дрес има одиграно педесетина натпревари од првенството и купот, а во Пелистер дојде од екипата на Тетекс.

По Куп натпреварот против Победа, Тошевски, замина за Скопје да му се приклучи на своите соиграчи репрезентативци, но претходно одвои време за краток разговор.

На тоа како тој ја виде првата четвртфинална средба против Победа тој рече:

-Тежок натпревар според временските услови и  тоа како се движеше резултатот на почетокот на средбата по промашениот пенал и водството на Победа. Но, се вративме во игра, а посебно добро одигравме во второто полувреме, кога постигнавме нови три гола од вкупно пет. Публиката која беше под Тумбекафе уживаше во голејата и видоа седум гола. Овој резултат за нас е поволен и оправдано се надеваме дека ќе бидеме полуфиналисти, односно ќе презимиме како такви, вели Тошевски.

Пред заминувањето за Скопје за настапот против Норвешка тој кратко рече:

-Одиме на победа против репрезентацијата на Норвешка, и со стил да ја завршиме оваа фудбалска година.

Тошевски за македонската сениорска репрезентација има идиграно три натревари, а во младинските селекции седум натпревари.

Покрај Тошевски, кој не е роден битолчанец, на списокот се и битолчаните Стефан Стефановски и Кире Ристевски

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »