Press "Enter" to skip to content

МНД со меѓународна научна конференција за образованието

Во салата на Народниот театар во Битола во организација на Македонското научно друшво од Битола започна меѓународната научна конференција насловена како “Образованието на крстопат – состојби, предизвици, решенија и перспективи“, на која ќе учествуваат предавчи од пет земји од регионот.

Големиот број на пријавени учесници, академици, универзитетски професори, професори и наставници, на оваа научна конференција ги поздрави проф. д-р Дејан Илиев, координатор напроектот.

Конференцијата за отворена ја прогласи д-р Марјан Танушевски, претседател на Македонското научно друштво од Битола, кој рече дека предизвикот кој што ние е даден во оваа прилика да говориме на тема “Образованието на крастопат“  и анализирана од повеќе аспекти, ќе даде и вредни документи предлози и решенија.

На присутните им се обрати и академик Ѓорги Старделов,кој ја поздрави оваа конференција од Македонската академија на науките и уметностите.

На првата пленарна седница прв зборуваше академик Владо Камбовски на тема: “Високото образование, науката и општествените промени“.

Модератори на првата пленарна седница беа: Даниела Андоновска-Трајковска, Гоце Марковски, Лидија Стефановска и Сашо Кочанковски.

 

На д 300 гости, 107 учесници на оваа научна конференција ќе имаат вкупно четири сесиси, секоја составена од два дела, на која ќе зборуваат сите пријавени, а учесниците од другите земји ги пренесоа и скуствата однивните земји, а рекоа дека и нивните образовни процеси се во фаза на реорганизација.

Исто така ќе се одржи и витруелна сесија.

Ќе бидат промовирани 160 научни трудови кои ќе бидат во зборник од околу 700 страници, кој ќе биде доставен до МОН, како и сите универзитети во Регионот.

Оваа научна конференција е дводневна, а и за утре се планирани голем број на активности.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »