Во Сиднеј, Австралија постои и работи една од најстарите пензионерски групи “Свети Ѓорѓи“, која има и најголем број на активности.
-Нашите пензионерски вечери се познати не само кај македонските пензионери, туку и пошироко. Деновиве оваа пензионерска група од Сиднеј, ги привршува работите околу нивното ново дружење кое со радост сите го очекуваат, вели претседателот Крсте Илиевски.
Во оваа пензионерска група најповеќе има членови со потекло од битолскиот крај, а од овој крај е и претседателот Крсте Илиевски, кој е роден во село Старавина, Мариовско.
Кире Циревски