Press "Enter" to skip to content

Златни плакети за Игор и Гаргачо за “судиската пензија“

Двајцата битолски судии Игор Огненов и Александар Стефановски пред некое време престанаа да ги судат ракометните натпревари од Супер ракометната лига.

За нивното “ракометно судиско пензионирање“ да не остане незабележано се потруди судиската организација на ракометните судии, пред почетокот на ракометниот натпревар Еурофарм Работник –Пелистер.

Двајцата битолски судии добија златни плакети и изгравирани рачни часовници кои ќе ги потсетуваат на времето кога ја делеа ракометната правда.

-Овој чин на нашите колеги пријатно не изненадија. Ние како судиска двојка имаме судено повеќе од 300 натпревари, од кои најголем број од Супер лигата. Ние заедно судиме од 1995 година, а лиценци за Супер лига имаме од 2001 година, а тоа значи дека по дваесетина години заминуваме во заслужена “судиска пензија“, ни рече Игор Огненов.

За идните планови, неговиот колега, Александар Стефановски – Гаргачо вели:

-Остануваме во ракометот, како спортски ракометни работници. Сега двајцата сме ракометни делегати, и веќе сме присутни на ракометните терени, но сега поединечно. А во кои ракометни води ќе не однесе времето останува да видиме.

Плакетите ги доделија претседателот Ѓорѓи Начевски и подпретседателот Славе Николов.

Рачните часовници беа доделени од страна на членот на управниот одбор при Здружението на ракометни судии на Македонија и активен ракометен судија, Даниело Божиновски, а понатамошна успешна работа како делегати им упати и Јован Василев во име на битолските судии и делеагати.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »