Со настапот во втората фестивалска вечер, кој се одржа во големата сала на Центарот за култура, на контроверзниот босанец Божо Вречо и муузичката група “Џипси Грув“ заврши овогодишното, деветто по ред, издание на Фестивалот на музиката од светот.
Љубителите на музиката од Битола имаа ретка прилика да го слушаат и гледаат Вречо, кој е познат босански и светски познат изведувач на севдалинки, кој уште го нарекуваат најбрилијантен музички артист на Балканот. Вречо е лирски тенор кој одржувал конецерти концерти низ Европа и светот, а неговата а-капела интерпретација на севдалинките е секогаш спектакуларна. Со ангелски глас, синоќа, пееше песни од неговите четири албуми вклучувајќи го и последниот „Пандора“, кој е издаден во Брисел, Белгија.
-Многу сум среќен во Битола, со тоа како сум пречекан и сакам да кажам дека посебно се радувам дека мојот прв настап е во Битола. Следува концерт и во Скопје, кој веќе е договорен, а и таму како тука, пред оваа прекрасна битолска публика, се надевам на одличен прием и изведба, рече Вречо, за време на настапот во Битола, кој е клучен дел од новата генерација на автори кои ја оживуваат традицијата на севдалинките, античката тажна музика, на Босна и Херцеговина.
Битолчани не само што уживаа во концертоттука во одредени моменти беа и сами дел од него, што Вречо, знаеше да го истакне.
По него настапи и групата „Џипси Грув“, кој исто така избедуваат автентична балканска, ромска, музика во која се влеваат и други музички влијанија како џез, реге, фанк. Членовите на бендот се од различни етнички припадности и нивните настапи донесуваат културна разновидност. И тие настапувале на различни сцени низ Европа и светот.
Првит ден на фестивалот, не негото отворање настапи и групата “Љубојна“ која на автентичен начин го пренесува пулсот на македонското музичко битие, заедно со Џамбо Анѓушев.