Press "Enter" to skip to content

По оставка на управата на РК Пелистер, новата ќе ги исплаќа платите

На денешната седница на Советот на општина Битола, претседателот на Комисијата за спорт и млади, Борче Корлевски од СДСМ, поради поднесените оставки од страна на членовите на бордот на директори на РК Пелистер, побара од Советот да го стави на гласање барањето да се донесе одлука за изменување и дополнување на одлуката за основање на акционерско друштво за вршење дејност спорт.

Корлевски во своето образложение на барањето пред советниците рече:

-Барам одлука за изменување и дополнување на одлуката за основање на акционерско друштво за вршење дејност спорт, односно сменување на членот 9, што ќе значи дека работите во надлежност на собранието на друштвото, ќе ги врши преку овластен претставник, кој ќе ги преземе сите дејствија и активности во претставувањето на општина Битола, во претставувањето во Собранието на акционери. Овластениот претставник да ги преземе сите потребни дејствија и активности за осогласување и изменување на статутот на Друштвото. Овластениот претставик на Друштвото ќе ја одобрува завршната пресметка,  финананските  извештаи, годишни извештаи за работа на друшрвото,  да отповикува членови од одборот на директори.

Одлуката која е донесена едногласно ќе значи дека РК Пелистер, за најскоро време, ќе добие нова управа со нов претседател на одборот на директори, а претседателот и одборот ќе можат да преземат и кадровски промени и во стручниот штаб.

Новиот претседател на одборот на директори со нетрпение го очекуваат ракометарите и стручниот штаб бидејќи со тоа им зависи кога ќе ги добијат своите плати, односно ќе бидат решени финансиските проблеми.

More from СпортMore posts in Спорт »