Press "Enter" to skip to content

“Сумнал“ импелементира нов проект

Младинската размена ’’Bound in cultures’’ која што се одвиваше во Битола имаше за цел да им помогне на учесниците да ја подигнат свеста за прифаќање на религиите и да научат  ново за двете најголеми религии – христијанската и муслиманската религија, но исто така и да научат  ново за останатиите  религии преку активности во безбедна и пријателска атмосфера.

Активностите се одвиваа во затворен и во отворен простор каде што учесниците имаа можност да ја запознаат средината во која што се наоѓаат. Оваа младинска размена  им овозможи на учесниците:

-да се запознаат и да се поврзат со луѓе од различни културни потекла

-да ги изразат своите очекувања во врска со содржината на програмата

-да се запознаат со методи и принципи на неформално образование

-да работат во тимови и да ги усовршат своите  лидерски способности

-да стекнат знаења за религиите

-да поработат на принципот на комуникација.

Во младинската размена беа вклучени 5 учесници од 7 држави: Македонија, Португалија, Италија, Полска, Босна и Херцеговина, Албанија и Турција.

Проектот го имплементира „Сумнал“ – здружение за развој на Ромската заедница и е кофинансиран од програмата Еразмус + со поддршка на Националната агенција за европски програми и мобилност.