Press "Enter" to skip to content

Грк од Лерин, усмрти битолчанка, па заврши во притвор

Синоќа околу 19.30 часот на крстосницата од ул. „Македонски гемиџии“ и ул. „Буримечка“ во Битола се случила сообраќајна незгода во која С.Т. (56) од Флорина-Република Грција, управувајќи патничко возило „Мерцедес Ц220“ со грчки регистарски ознаки, удрил во пешакот П.Н. (67) од Битола, која починала на самото место на настанот.

Смрт била констатирана од страна на екипа од Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе биде извршена обдукција, а С.Т. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Битола за понатамошна постапка.

 

More from ВестиMore posts in Вести »