Градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска е нов претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, а е избрана на конситутивната седница, прва во овој состав на Советот по одржувањето на локалните избори во октомври.
На седницата, беше донесена одлука за избор на претседател, со која едногласно за претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион.
Во Советот за развој на Пелагонискиот плански регион членуваат градоначалниците на општините Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Новаци, Могила, Долнени и Кривогаштани.