На местото каде што беше формирана Егејската бригада, на спомен чешмата, кај Пожарната, утрово беше положени цвеќе во чест и слава на Народно ослободителната бригада од Егејска Македонија.
Цвеќе положија градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, претставници на Советот на општина Битола, предводени од претседателот, Валентин Груевски, претседателот на Сојузот на борци од Битола, Александар Трајковски, претсавници на Зружението на децата бегалци и други.
Како што стои напишано на спомен плочата, над чешмата, оваа Народно ослободителна бригада е е формирана на 18 ноември 1944 година, од Леринско – констурската народно ослободителна бригада, Воденскиот – Македонски батаљон и дел од бригадата “Гоце Делчев“.
По формирањето оваа бригада беше во состав на Народноослободителната војска и Партианските одреди на Македонија.