Поради посетата на албанскиот претседател Илир Мета на Битола, денес дел од градот ќе биде под посебен сообраќаен режим.
Како што можевме да забележиме утрово, полицијата ќе го регулира сообраќајот во текот на денот, а веќе е забрането паркирање на возила по улицата “Иван Милутиновиќ“, “Булеварот 1-мај“, како и на улицата “Столарска“.