Одиграни натпреварите од Третата лига – југозапад и општинската „А“ лига
Изминатиот викенд се одигра редовното коло од Третата фудбалска лига, во организација на Опшинскиот фудбалски солуз Битола, во која имаше еден прекинат натпреват кој е регистиран со службен резултат од 3:0 за домашната екипа.
Комесарот за натпревари, Златко Ралевски, за прекинатиот резултат и одлуката тој да се регистрира со службен резултат вели:
-Натпреварот од Третата фудбалска лига помеѓу екипите на Преспа од Ресен и екипата на Фљамуртали од Радолишта е регистриран со службен резултат 3:0. Ваквата одлука е донесена по разгледувањето на дополнителниот делегатски извештај и по сослушувањето на службените лица кои беа на овој натпревар. По разгледувањето на целиот случај донесена е одлука, натпреварот со 3:0, службен резултат, да се регистрира во корист на домаќинот Преспа. Одлучено е дека гостинската екипа на Фљамуртари, во 45 минута од натпреварот, неосновано го напуштила теренот.
Во Третата лига се постигнати следните резултати:
Преспа – Фљамуртари 3:0 (службен резултат)
Охрид Лихнидос – Влазними 6:2
Воска 2002 – Могила Би милк 3:0
Октиси спорт – Кркардаш 6:1
Кораби – Кравари 7:1
Лирија – Сатеска 1:2
Лакочерој – Велешта 5:4
За разлика од Третата лига, според комесарот Ралевски, се поминало во одличен ред, што може да се види и од доставените делегатски извештаи до ОФС Битола.
Во општинската “А“ лига постигнати се следните резултати:
ДОСК Д.Оризари – Пелагонија Логоварди 2:1
Буково – Светлост 4:2
Новаци 2011 – Олд Бојс 6:1
Поешево – Лисолај 5:1
Црна Река – Партизан 2:2
Младост – Победа 3:2
Карамани – Чагор 1:0
Слободна екипата на Црнобуки