Press "Enter" to skip to content

Советникот Илиевски, нов координатор на советничката група на СДСМ

На денешната седница на Советот на Битола, беше соопштено дека за нов координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Битола, е назначен советникот Методија Илиевски.

Ваквата одлука Илиевски да биде нов координатор е донесена на синоќешната седница на Извршниот одбор на СДСМ од Битола, а сите членови гласале едногласно.

-Ова е чест за мене како млад политичар да бидам на чело на Советничката група на СДСМ. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата и дека сите заедно, како советници заедно со градоначалничката, ќе работиме да ги исполниме ветувањата кои имги дадовме на битолчани, рече Илиевски по изборот за координатор.

Во составот на Советот на Општина Битола, Методија Илиевски беше во составот на минатиот Совет која СДСМ беше опозиција, а како координатор во овој состав на Советот го започнува својот втор мандат.

Методија Илиевски е роден 1987 година, а има богата партиска кариера. Два мандати бил потпретседател на Социјал демократската младина на Македонија, а бил и на два пати на чело на младите социјалдемократи во Битола.

Илиевски е дипломиран фармерски инженер, а успешно ја гради и својата кариера како спортски ракометен работник.

More from ВестиMore posts in Вести »