Press "Enter" to skip to content

Кико, Христијан и Жолтио, мото-крос победници за престиж, во МХ1, МХ2 и МХ3

Вчера на мото-крос патеката крај Лагово, Прилеп, се одржа првата, а можеби единствена мото-крос трка од Шампионатот на Македонија во мото-крос  за оваа календарска година.

Сите титули во оваа трка ги освоија битолчани, со што докажаа дека, и во вакви лоши денови за македонскиот мото-спорт се најдобри во државата.

Во МХ1 конкуренција најдобар беше Христијан Илиовски – Кико, од мото клубот Пелистер, од Битола.

Во МХ2 конкуренција првопласиран беше Христијан Станковиќ, од мото клубот, Мотостарс од Битола.

Во МХ3 најдобар беше  битолчанецот Борче Костов – Жолтио кој вози за мото клубот Ноќни волци од Скопје.

Пласмани уште освоија и битолчаните:

-Михаил Бајовски, од мото клубот Кимко од Штип, кој го освои третото место во МХ1 и

-Павел Ивановски, од новиот битолски мото клубот Булевар Бајкери, во МХ2 кој го освои исто така третото место.

Огранизацијата на трката, од страна на клубот за екстремни спортови од Прилеп, беше на одлично ниво, а за победниците обезбеди и парични награди, што беше и мотив повеќе за сите кои се појавија на стартот, а ги имаше 35. Се возеа два пати по две трки, а на едната возеа МХ1 и МХ2, а на другата МХ3 и ОПЕН класата.

Највозрасниот од сите победници, Борче Костов, кој беше вклучен и во организацијата на трката за ова трка вели:

-Патеката беше одлична подготвена, а тоа го кажаа и сите возачи. Тешко е дека ќе ја постигнеме бројката од најмалку три трки за да оваа година имаме прогласување за победници, иако има најави за уште една трка во Гевгелија. Поради тоа ова беше трка за престиж меѓу возачите, а ме радува дека традицијата, битолчани да се најдобри продолжува, како од нас повозрасните, така и од помладите.

Во Прилеп настапија и возачи од Србија, Косово и Бугарија, но поради што трката се возеше на крај на ноември не се појавија возачите од Бугарија, Грција и Турција на кои веќе им е завршена сезоната.

Поради лошото менаџирање на ова тркачка сезона оставка си поднесе раковоството на Македонската мото федерација, но тоа на возачите во овој момент ништо не им значи бидејќи ја “промашија“ цела сезона, а како велат без домашно квалитетно првенство, тешко е да се бориш на меѓународен план.

Но, на возачите кои доста вложуваат им преостанува само да се надеваат дека идната сезона ќе успеат да ги вратат трките во Битола, Скопје, Лазарополе, Куманово, Гевгелија и другите.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »