Press "Enter" to skip to content

Сефко со нова песна и спот, и со концерт за паметење пред битолчани (фотогалерија)

Сефеден Бајрамов вечерва го промовираше најновото музичко остварување, насловени “Еден ден ти ќе ме бараш“, со нов спот, во големата сала на Центарот за култура, а битолчани по полната сала, уживаа во неговиот концерт и на неговите пријатели, кои долго ќе го паметат.

Текстот за песната “ден ден ќе ме бараш“ е на Огнен Неделковски, автор на музиката е Марјан Нечак, додека аранжманот е на Давор Нечак. Целокупниот настан, беше заокружен со промоција на новиот спот за песната, кој го изработи продукцијата на Дарио Јанковиќ.

За новата песна Сефеден Бајрамов само кратко рече дека темата е многу провокативна и поводот  можеби малку и личен, и во него секој може да се пронајде.

Сефедин Бајрамов, неговите гости и битолската публика низ музичкото доживување ги водеше Сузана Турунџиева, која како рече за “својот брат“ немала напишано сценарио, но за луѓе како него, сценариото доаѓало од срцето, бидејќи таму било запишано.

Пред битолчани се претставија познатите солисти и групи кои се е од Битола, или се тесно поврзани со Битола. Како пријатели на Сефедин Барјамов на сцената во Центарот за култура настапија: Билјана Дамјановски, групата “Гром“, Маргарита Христова, групата “Љубојна“ и Сузана Турунџиева.

Ова остварување немаше да ја дочека виделината  доколку, како што вели Бајрамов, не застанеле зад него угледни и еминентни  компании кои финансиски го подржаа проектот, кој не ги спомена, но рече дека сами ќе се препознаат. Финансиската помош била неопходна бидејќи по големиот дел од спотот е снимен на грчки локации.

Наместо поздрав и догледање со битолчани Сефедин Бајрамов за в година најави јубилеен концерт, 40 години од неговата прва снимка за македонската радио телевизија и за неговиот прв фестивалски настап.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ЗабаваMore posts in Забава »