Пелистер – Ренова 4:2 (0:2) (кадети)
Кадетите на Пелистер, денес, на стадионот “Павел Шатев“ во Битола (ќумурно игралиште) се надминаа себеси во второто полувреме и од 0:2 на полувреме, победија 4:2, против екипата на Ренова и се пласираа во полуфиналето од Купот.
Првото полувреме и силниот ветар им помогна на тетовчани, но второто полувреме силно мотивирани за победа постигнаа четири гола. По оваа победа избраниците на Виктор Киранов, генерација 2000 година, се пласираа во полуфиналето.
-Имавме силен мотив за победа уште на стартот но некако младите не се снајдоа најдобро. Второто полувреме беше полувреме какво би посакал секој тренер. Вистинска борба се секоја топка, желба да се постигне гол и на крај, победа, радост и пласман во полуфинале, вели Киранов.
Пред кадетите пласман обезбедија и пионерите родени 2001 година со победата над Победа и помладите пионери родени 2002 година по елиминацијата на Шкупи.
Тренери покрај Виктор Киранов кој е на кадетите, се уште Дејви Главевски на генерација 2001, и Михајло Корлевски на помлади пионери родени 2002 година.
Координаторот на младинските школи на ФК Пелистер, Науме Љамчевски задоволен од играта на кадетите и на сите категории кои обезбедија пласман.
-Според она што го паметам од кога сум во Пелистер, а сум долго време, не се сеќавам дека сме имал три младински екипи во полуфинале од Купот. Ова е знак дека Пелистер и битолскиот фудбал имаат иднина со вакви генерации. Овие резултати во Купот, се надевам, дека на тренерите кои работат со младите категории ќе им бидат мотив за работа понатаму и секако напролет трите екипи да ги видиме во финале. За тоа да се оствари претстојната зимска пауза мораме максимално да ги одработиме подготовките, вели координаторот, Науме Љамчевски.






