Уште еден битолчанец ќе го добие најголемото годишно признание на Фудбалската федерација на Македонија, фудбалер на годината.
За оваа 2017 година за најдобар фудбалер е прогласен Стефан Спировски, по јавното гласање кое беше спороведено на веб страницата на фФМ. Ова го соопшти Управниот одбор на ФФМ.
Стефан Спировски беше ставен “на гласање“ по одличните игри оваа календарска година во екипата на Вардар и во дресот на македонската фудбалска репрезентација.
Конкуренција на Спировски му беа напаѓачите на тетовска Шкендија, Ферхан Хасани и Бесарт Ибраими.
Стефан Спировски е “дете на Пелистер“, а сега настапува за Ференцварош.
Фото: ФФМ






