Денес битолчани има прилика на неколкупати да го видат “пајакот“ во акција, како на неколку улици ги подигнуваше непрописно паркираните возила, кои беа паркирани на улиците или зафаќаа дел од тротоарите.
“Пајакот“ неколку пати околу пладне интервенираше на улицата “Кирил и Методиј“, на потег од кај Градската библиотека до зградата на старата општина, а претходно “имаше работа“ и кај Офицерскиот дом, пред кафулината “Аеро“ и “Тач“.
Некој реагираше, а некој одобруваше. Во таа насока се движеа коментарите на оние кои ги затекнавме на местото каде се подигнува возилата.
Возачите реагираа поради подигнување на нивните возила, а жителите од овие места ја оправдуваа “акцијата“ на пајакот и дека било невозможно да се функционира нормално, бидејќи во текот на целиот ден, било дење или ноќе има напрописно паркирани возила.