Денес на аеродромот “Sidnejskiot Kingsford Smit“ во Сиднеј, Австралија, треба да пристигне новиот парошки свештеник, кој ќе работи во најголемата православна Македонска црква во Австралија, во црквата “Св. Петка“.
Според пишувањето на Кире Циревски, за новиот свештеник Владо Недески, се е подготвено, а организиран е и негов пречек уште на аеродромот во Сиднеј.
Отец Владо Недески веќе е на пат за Сиднеј, со неговото семејство и во црвата во Рокдаел, Сиднејско предградие, ќе биде парох во Австралиско-Сиднејската епархија на МПЦ-ОА.
Во најголемата македонска колонија во Рокдаел, Сиднеј, живеат најголем број на иселеници кои потекнуваат од битолскиот крај, а ги има од Битола и од околните села, Ротино, Цапари, Ѓавато, Нижеполе, Трново и Магарево и други села.
Се очекува со пристигнувањето да се намалат тензиите околу тоа кој ќе раководи со најголемата македонска црква во Австралија, но ќе треба уште време да се реши судскиот спорт кој веќе долги години се влече по Австралиските судови, од кој корист имаат само адвокатите кои ги застапуваат двете страни.