Press "Enter" to skip to content

Битолчанец се обидел да удри полицaјка, па завршил во притвор

Изминатата вечер на улицата “Васко Карангелевски“ во Битола, млад битолчанец на возраст од 24 години со иницијали Ф.М., бил привeден од страна на битолската полиција, затоа што нападнал униформиранa полицискa службеничка.

Според полицијата, вчера околу 19.25 часот додека полицајката извршувала работи од областа на безбедноста на сообраќајот, била омаловажувана со погрдни зборови од битолчанецот Ф.М.

Тој застанал со неговото возило до неа, ја навредувал, а потоа ја турнал и се обидел да ја удри. Во тој момент бил спречен од страна на друг полициски службеник.

Од полицијата најавуваат дека против напаѓачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.