Press "Enter" to skip to content

Голем новогодишен попуст во “Плинмонт“ за автогасни системи

Водечката компанија во областа на автогасните уреди во Македонија, “Плинмонт“ од Битола пред и за време на новогодишните празници одлучи да ги израдува сите оние кои во своите возила ќе вградат нов автогасен уред, а не ги заборави ни старите, како велат оттаму, старите, редовни муштерии кои се секогаш добредојдени.

За вградување на нов автогасен уред, во било кое возило, “Плинмонт“ ќе одобрува новогодишен попуст во висина од 10 до 30 проценти, а овој попуст ќе важи за автогасните системи од марките: “Landi, “Landirenco” и “Lovato”, кои важат за едни од најдобрите светски автогасни системи.

Попустот на сите три видови автогасни системи ќе трае до потрошување на количините кои ги има “Плинмонт“ на залиха.

Инаку, за “Плинмонт“ може да се каже, дека е специјализиран центар за вградување на автогасни системи во сите видови на возила, а во нивното портфолио е запишано дека оваа компанија има искуство повеќе од 10 години, а обезбедува секаква логостичка поддршка за сите сервиси на автогасните системи на возилата од Битола, а за оние клиенти од другите градови тоа го прави преку своите соработници низ државата.

Во насока на зголемување на довербата на “Плинмонт“ кај потрошувачите, и константното вложување во подобрување на квалитетот и воведување на нови техлогии, на што “Плинмонт“ обрнува големо внимание, е и новогодишниот попуст за автогасните системи.

“Плинмонт“ не само што беше пионер во вградувањето на автогасните системи, овде возачите со право ги очекуваат сите промоции на новините во оваа автомобилска дејност, кои од светскиот пазар најбрзо доаѓаат во Битола.

Во пакетот поволности кои ги нуди “Плинмонт“ за време на новогодишните празници не се заборавени и редовните муштерии кои редовно во “Плинмонт“ ги сервисираат автогасните системи на своите возила, авто-климите или пак се одлучиле тука да прават други помали сервиси.

За нив “Плинмонт“ бесплатно ќе им ги изврши следните услуги:

-дијагностицирање на проблеми со автогасниот систем,

-проверка на батерија за стартување на возилото (акумулатор)

-проверка на течност за ладење на возилото (антифриз),

-совети за старт на моторот на возилото кога надвор се минусни темпрератури.