Press "Enter" to skip to content

Васко Ковачевски со оставка за пратеничкиот мандат, ќе го раководи РЕК “Битола“

Битолскиот пратеник, Васко Ковачевски од позициската СДСМ поднесе оставка во Собранието на Република Македонија и ќе биде новиот директор на РЕК “Битола“.

Собраниските служби ја потврдија оставката на Ковачевски и се очекува на првата наредна седница, која се очекува да се одржи утре, истата да биде констатирана.

-Сметам дека ја оправдав довербата на граѓаните, имајќи впредвид дека веќе два мандати сум во Собранието. Причината е учеството во акционерското друштво ЕЛЕМ“, изјави Ковачевски во врска со одлуката на прес-конференција во Собранието. 

Според него, големата кадровска промена која СДСМ ја имаше во изманатиот период е во интерес граѓаните.

Тој рече дека неговото пратеничко место ќе го заземе Самка Ибраимовски кој досега беше министер за ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија.

More from ВестиMore posts in Вести »