Press "Enter" to skip to content

По 18 месечна истрага, нашинец во Мелбурн уапсен под сомнение за убиство на својата сопруга

Според пишувањето на австралискиот весник од Мелбурн, “Mail On line”, Борис Ристевски, 53 години, деновиве од страна на полицијата на Мелбурн, Австралија, е уапсен под сомнение дека ја убил својата сопруга Карен пред 18 месеци, и потоа ја закопал во месноста Mт. Macedon national park.

Ристевски, кој им потекло од овие краишта, е уапсен по долготраната истрага која ја водела полицијата од Мелбурн, а како дел од доказите, наведува весникот, биле неговиот мобилен телефон и автомобилот на убиената Карен.

Убиената Карен која имала 47 години, според весникот, за исчезната била пријавена на 29 јули 2016 година, а нејзиниот сопруг бил под истрага од 8 јули. По обемна истрага телото на исчезнатата било пронајдено на 20 февруари оваа година, а погребот бил на 6 март.

Борче Ристевски бил уапсен на 13 декември и изведен пред судските власти на Австралија.

Весникот “Mail On line” на своето интернет издание има објавено поголем текст кој е илустиран со голем број на фотографии од Борис, неговата сопруга и ќерка, како и тоа како се одвивала хронолошки истрагата на полицијата, како и од погребот на Карен. Исто така на фејсбук профилот кој бил отврорен по повод немил настан, може да се видат сите снимки и написи од сите телевизии и весници кои истражувале за овој настан.

За Ристевски, велат дека бил повлечен, и дека немал скоро никакви контакти со Македонците кои живеат во Мелбурн.

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »