Press "Enter" to skip to content

“Поинаку“ на “Магнолија“ го презентира проектот за решавање на проблемот со бездомни животни

Денес на пладне на плоштадот “Магнолија“ советничката група на “Поинаку“ го презентира пред битолчани проектот за решавање на проблемот на бездомни животни кои ги има на територијата на Општина Битола.

Габриела Илиевска од “Поинаку“ за целта на овој проект на презентацијата рече:

-Најбитната цел која што ja бараме со реализација на овој проект, е да се реши проблемот со бездомните животни, нивна регистација (чипирање и маркирање со ушни маркици), стерилизација и водење на грижа до нивно вдомување и хумана еутаназија (од зависнот на степенот на староста, болеста или агресивноста на бездомното животно), а тоа е се со цел да се намали бројот на бездомни животни во општина Битола. Општина Битола, досега се справува со овој проблем со мали и неквалитетни простории во кругот на зоолошката градина, кои што немаат капацитет, и нехумано се згрижуваат бездомните просториите, исто така бездомните животни ќе добиваат и ветеринарна грижа од матичниот ветеринарен лекар и редовна исхрана.

Во овој проект ќе биде воведен принципот ЗАЛОВИ-СТЕРИЛИЗИРАЈ-МАРКИРАЈ-ВРАТИ, дносно, после заловувањето, малските миленици, ќе бидат вратени од каде што биле заловени, маркирани со маркица на увото, откако ќе бидат стерилизирани, а останатиот дел од бездомните ќе бидат во кафези, кои што ќе бидат во прифатилиштето, се до денот на вдомување, каде што ќе добиваат редовен оброк и доколку е потребно ветеринарна грижа.

Со овој проект, во прифатилиштето ќе се врши и хумана еутаназија во зависност од болеста, староста и степенот на агресивност кај бездомните животни.

More from БитолаMore posts in Битола »