Во кафе ресторанот “Корзо“ во Битола денес се одржа годишно собрание на угостителите од Битола кои организирано делуваат преку Здружението на Угостители и туристичките работници клуб “Еснаф“.
На денешното собрание, кое го водеше, претседателот Марио Tрифуновски, на дневен ред беа ставени извештајот за работа на Здружението и финансискиот извештај, а се разгледа и моментната состојба во која работат угостителите, проблемите со кои се соочуваат и барање на решенија за нивно надминување.
Во уводното излагање на Трифуновски, тој ја потенциrа важноста на овој сектор за сите во градот и регионот.
-Сакаме да се даде значење на угостителството и туризмот, како значаен фактор во економијата во градот, а и во Македонија и со нашата активност мислиме дека ќе допринесеме за подобрување на условите и економијата во Битола и регионот. Ова го велам поради тоа што овој сектор вработува голем број на наши сограѓани, поради плаќањето на сите даноци и придонеси сме важен дел од полнењето на буџетот во Битола и Македонија, а тука се комуналните трошоци и други трошоци. Посебно сакам да потенцирам дека угостителството и туризмот се двигател и на други индустрии, прехрамбената, градежната и други. Затоа овој сектор треба да си го добие заслуженото место во економијата, и овој сектор да даде придонес во развојот на економијата на општината и регионот, рече Трифуновски.
Беше разговарано и за проблемите со кои се соочуваат битолските угостители, кои се од законска природа, а беа наведени, забраната за пушење како и законот за старо градско јадро во Битола со што угостителите тешко може да прават промени на објектите, кој го нагласи и проблемот со летните тераси во зимскиот период да биди адекватен со изгледот на архитектурата на градот.
-Законот е во собраниска процедура, а тие имаат свои предлози како двете страни да не бидат оштетени, пушачите и непушачите. Нешто се работи во сообранието на РМ, но од моја гледна точка целата работа е поставена грешно, бидејќи не можи комисијата за здравство да решава за Законот за пушењето, така во секој поглед ќе донесат негативна одлука. Според мене тој Закон би требало да се решава во некоја комисија под Министерство за економија, па да имаат членови од Министерството за здравство и од угостителската и туристичката фела, рече Марио Трифуновски, претседател на “Еснаф“, за законот за пушење на јавни места.
Угостителите ќе се залагаат и за да им се даде поголемо значење во турустиката понуда на Националниот парк “Пелистер“ и селата што се во потпелистерието.
На крајот стана збор и за новогодишната понуда која што битолските угистители ќе им ја понудат на битолчани и останатите намерници, која беше оценета како разновида за сите вкусови.
На Собранието беше присутен и претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски.