На последното изборно Собрание на Џудо федерација на Македонија, на кое што се одржа деновиве се избираше нов претседател, извршен и надзорен одбор кои ќе раководат со федерација во наредните четири години.
За нов претседател на Џудо федерацијата на Македонија е избран битолчанецот Филип Иванов, кој сега живее и работи во Скопје. Иванов своето џудо знаење го има стекнато во џудо клубот Пелистер, а бил ученик на џудо мајсторот Ѓуро Илиќ.

Собранието на кое имаше двајца делегати од џудо клубот Пелистер, Виктор Ивановски и Петар Ристевски, едногласно за нов член на Извршниот одбор го избра нашиот сограѓанин Виктор Ивановски.
-Како долгогодишен член на Џудо клубот „Пелистер“ од Битола и активен џудист е вклучен во многу процеси од развојот на џудо спортот, преку најразлични теоретски и практични обуки, како и учество на голем број семинари и натпревари. Сето ова и понатаму ја докажува активноста и професионалноста на џудо клубот „Пелистер“ од Битола, кој и понатаму продолжува со мотивирана и напорна работа и заедно со Џудо федерацијата придонесуваат кон развојот на џудо спортот во Македонија“, ни рече Ѓуро Илиќ од џудо клубот Пелистер, и нагласи дека започнува подмадувањето на џудо федерацијата на Македонија.

За изборот во Извршниот одбор, Виктор Ивановски, рече:
-Ми претставува посебна чест прво што бев предложен од мојот џудо клуб Пелистер , а потоа што бев избран за член на Извршниот одбор на Џудо федерацијата на Македонија. Ќе се трудам сите предлози и батања од мојот клуб да бидат разгледани во Федерацијата, а секако дека со останатите членови ќе работам на развој на џудо клубот Пелистер, кој има голема традиција, а од нашите редови е и претседателот на Федерацијата, Филип Иванов.
На изборното собрание е одлучено “Дан комисијата“ во наредниот период да ја води Ѓуро Илиќ, како нејзин претседател.
Џудо клубот Пелистер до џудо федерацијата на Македонија има предложено уште двајца свои членови, Златко Кочовски и Ромео Рајков, кои во наредната седница на Извршниот одбор ќе бидат вклучени во работните тела на Федерацијата.






