Press "Enter" to skip to content

За љубов не е потребно да имаш многу, потребно е да имаш душа

Во духот на новогодишните и божикните празници да се подарува, да се направат сите деца сречни, да им се помогне на немоќните, да им се олеснат деновите на болните, се приклучија и младите фудбалери на фудбалската школа ЛГ Битола и учениците на Спортската академија од Битола.

Нивното новогодишно и божикно празнување го надополнуваат традиционално неколку години по ред со дарување.

Оваа година младите фудбалери од Битола даруваа новогодишни поклони и спортска опрема во ДСУ “Наум Охридски“ од Битола.

-Соработката започна пред неколку години кога јас бев професор по спорт во ова училиште им имав прилика да се запознаа со децата, со нивните таленти за спорт и нивните потреби. Со овој чин кој од се срце го прават младите фудбалери на школата за фудбал и академијата за фудбал сакаме и ним да им ги направиме новогодишните и божикните празници поубави. За љубов не е потребно да имаш многу, потребно е да имаш душа, е мотото под кое ние ги подаривме подароците на децата, ни изјави Лазе Гаштаров, сопственик на фудбалската школа ЛГ Битола и ментор на спортската академија Битола.

Академијата е државно училиште во кое учат 96 селектирани ученици за фудбал во редовен четири годишен воспитно образовен систем.

Покрај професорскиот кадар во академијата работат и лиценцирани тренери од ФФМ по практична настава Ѓоко Илиоски – главен тренер на 1 и 2 година, Димитар Капинковски -главен тренер на 3 и 4 година, Пеце Коруновски  -тренер на голмани и Маријан Јончевски –физиотерапеут, кој сите заедно беа во посета на децата.