Press "Enter" to skip to content

Свечената сала на хотел “Капри“ со нов ентериер, надополнет со современо осветлување (фото)

Хотелот “Капри“ не престанува да ги изненадува и радува своите гости откако е отворен, а деновиве пред новогодишните празници, гостите беа изненадени од тоа како е уредена свечената сала. Во најголемата сала на хотелот “Капри“, гостите не можат да не ја забележат, големата промена на ентериерот, односно како е уредена.

Покрај новиот ентериер кој е направен според најновите трендови во хотелиерството, тука е ново поставеното осветлување кое не само што го надополнува ентериерот, туку му дава и посебна убавина на целата сала.

Кога се зборува за новитетите во хотелот “Капри“ може да се зборува само за ентериерот, бидејќи квалитетот на храната и услугата се со квалитет кој не се менува, туку останува на високи ниво во текот на целото работење.

Битолчани во хотелот “Капри“ за време на новогодишните празници имаат одлична понуда за организирани предновогодишни забави, а само со влезница од 300 денари можат тука да ја дочекаат Новата година, со храна која сами ќе ја изберат, а сето тоа проследено со убава музика. За втората вечер влезницата  е 200 денари.