Даниелот Божиновски од Битола го имавме на нашиот портал, пред неполни два месеци кога по силен ветар се искачи до Големо Езеро и оттаму ни испрати фотографии на денот на кога замрзна водата на “пелистерко око“.
Денес не изненади со нови фотографии направени од неговото новогодишно капање во ладните води на реката Драгор, на познатите кај битолчани, Диоски Капејнци.
-Оваа година ја започнав со капење на 1 јануар во Риека и реков дека така и ќе ја завршам. Денес се искапив во ладната вода на Капејнците, што го правам за прв пат досега во овој период на годината. Температурата на воздухот беше 3 степени целзиусови, а на водата само 2 степени целзуисови. Во првиот момент бев сконцетриран на влегувањето на водата, но за многу брзо време проработи адреналинот во мене, влегов во водата и почнав да пливам. Во водата останав околу две мунути. Можев да оставам уште бидејќи не чуствувам премногу студ, но бидејќи ова ми е прв пат да се капам во толку ладна вода, поради лична заштита, излегов. По излегување брзо се загреав, а за чувството кое го имав пред влегувањето и за време на пливањето во водата не можам да кажам ништо повеќе, туку едноставно беше посебно доживување, кое ќе го паметам цел живот, вели Даниело Божиновски.
Ако ваквото новогодишно капање во студена вода досега го гледавме само на телевизија во Русија и Шведска, сега и Даниело ни ги донесе тие “слики“ и во Битола како честитка за Нова Година.
Инаку, Даниело Божиновски битолчани го знаат како студент на право во Скопје, ракометен судија во Супер лигата, а во последно време и како голем љубител на планината, кој знае да не изненади и со вакви авантури.
С.Р.