Во преполната Голема сала на Центарот за култура од Битола се одржа новогодишниот концерт „Лејдис симфони” на Камерниот оркестар што традиционално го организира Центарот за култура.
На концертот се испеаја хитови од светски познатите пејачки имиња Ријана, Ејми Вајнхаус, Алиша Кис, Емили Санде…, а со камерниот оркестар настапија Наде Талевска, Лена Заткоска, Ирена Димовска, Марија Груевска и Ана Гаштарова.
-Вечерашниот концерт е кулминација на успешната концертна година и настапите во повеќе македонски градови, фестивалот „Охридско лето“, но и гостувањата во странство пред се во Сараево и Ниш. Со исти амбиции ќе ја почнеме и новата година бидејќи планирани се настапи во Португалија и Хрватска, како и на фестивалот „Рок Вилиџ 2018“ во Банатски Соколац“, рече Владимир Димовски, диригент на Камерниот орксетар.
Камерниот оркестар, познат бренд во оваа музичка сфера, работи под покровителство на НУ Центар на култура – Битола годинава одржа заеднички концерти и со Влатко Стефановски, како и со унгарскиот виртуоз на виолина Роби Лакатош, кои се уште се паметат.
Еве како изгледаше вечерашниот концерт низ фотографии.
Текст и фото: С. Ристевски






