Press "Enter" to skip to content

Четворица битолчани наградени со високи признанија од Гимнастичката федерација

Во организација на Федерацијата за гимнастички спортови, чие седиште околу петнаесетина години е во Битола, пред неколку дена во хотелот “Слив“ во Виница се одржа последната, завршна, свечена седница на Извршниот одбор за оваа година.

На седницата се освои усвои листата на најдобрите гимнастичари во оваа година во машка и женска конкуренција во сите категории, а беа врачени и повеќе плакети, признанија и дипломи на заслужни активисти кои со години придонесуваат за развојот и унапредувањето на гимнастиката кај нас.

Плакета и признание доби претседателот на ФГСРМ и КГС Партизан од Битола, Љупчо Арнаудов. Арнаудов во гимнастиката е близудве децении и е еден од најзаслужните што по осамостојувањето на Македонија гимнастиката повторно застана на нозе, за денеска во Македонија да функционираат десетина клубови со бројно членство. Арнаудов со свои средства набави справи без кои не можеше да се замисли било каква гимнастичка активност и Битола ја претвори во Центар на гимнастиката. Како член на Управниот одбор на Европската гимнастичка федерација значително придонесува за афирмирање на Македонија во европските гимнастички кругови.

Признание му беше врачено и на Михајло Петровски –Сајкал. Популарниот Мичо во својата младост беше еден од најдобрите гимнастичари не само во Битола, туку и во Македонија, а и пошироко. По завршувањето на кариерата како натпреаврувач остана во гимнастикатаи денеска е активен учител на младите генерации.

Признание, исто така, доби и новинарот Димче Миновски кој десетина години е портпарол на ФГСРМ и активен член во органите и телата Федерацијата и на КГС Партизан од Битола.

Признание и беше доделено и на Марија Арнаудова како млад и надежен тренер. Марија до неодамна беше активна гимнастичарка, а откако го заврши факултетот за физичко образование, целосно се посвети како тренер во гимнастиката во Битола.

Димче Миновски