Press "Enter" to skip to content

Нацртани урбани графити во “теретаната“ “City gym” (фотогалерија)

Иако “теретаната“ “City gym” е отворена само четири месеци сепак тоа стана место кое битолчани се повеќе го посетуваат, а таму тренираат или се рекреираат.

Во новототворената “теретана“ љубителите на боди-билдингот и рекретаивците имаат можност да тренираат на најновите справи, кои се набавени од најголемите компании кои произведуваат опрема за боди-билдинг клубови.

Сопствениците на теретаната “City gym”, Борче Стојаноски, Пеце Стојаноски и Васко Димовски воведоа новини во ентериерот кој со површина од 300 м2 е урбано и е модерно уреден по светски терк, како во најубавите боди-билдинг клубови.

Tака да уште со влегувањето бевме воодушевени од исцртаните sидови со “мodern аrt“ графити како што гледаме во светските метрополи.

Сопствениците ни кажаа дека “теретаната“ треба да изгледа модерно, урбано и чисто за да има влијание на атмосферата која треба да поттикнува на урбан здрав живот и навики.

-Желбата да имаме модерна “теретана“ полека ни се остварува. Се поголем број на наши сограѓани кои сакаат да се занимаат со боди-билдинг, било да е рекреативно или професионално се веќе тука, а ги има оние кои сакаат само да се рекреираат. Кога сме кај боди-билдингот мора да споменам дека тука за наредните боди-билдинг натпревари се подготвуваат, покрак мене и Олгица Николовска, Марија Здравевска, Владо Станковски, Мими Миленковски, вели Борче Стојаноски, еден од сопствениците на “City gym”.

Цртежите ги исцртаа “Hibrid Minds Crew“, кои по божикните празници треба да продолжат и да “урбанизираат“ целио простор.

Ж.Ристевска