Press "Enter" to skip to content

Интервју со повод: Виолета Димова, 10 години “Viola Beauty spa and fitness center”

Ја посетивме во салонот на “Viola Beauty“ центарот каде не прими за разговорот, убава, негувана со беспрекорна шминка. Движејќи се низ прекрасниот простор на салонот, се опуштаме опиени од убави мирисни ноти и дискретна музика. Го разгледуваме салонот кој е интересно и до детали осмислен и декориран во нијансите на бела, сива и виолетова боја, кои асоцираат и го отсликуваат карактерот на сопственичката, негувана и мистериозно убава, која со фотографирањето се вклопува со фотографиите на фото-моделите на ѕидовите околу нас. На нашата забелешка таа вели:-Ова е мојот свет и исполнување на мојот сон. Заради тоа секој дел од просторот го уредував по мој вкус и сигурно го отсликува мојот внатрешен свет и мојата визија, за тоа како треба да изгледа еден современ салон за убавина, каде секој кој ќе влезе ќе се опушти со дискретна музика, а мирисите кои не опкружуваат делуваат на нас и нашето расположение. Мирисните ноти се секогаш различни, но со секој мирис ни се будат посебни чувства, а со тоа сакам нашите клиенти да се чувствуваат посебно и опуштено. Се обрнува внимание на секој детал, боја на ентериер, додатоци во секоја од просториите на “Viola“ во зависност од услугите кои ги нудиме, а мора да споменеме дека стандардите за хигиенски услови се на највисоко ниво.Кажете ни повеќе за вашиот сон, како се започна?

-Уште од многу мала мојата постара сестра уште во тоа време посетуваше козметички салони и ме водеше секаде со неа и така едноставно бев магепсана од тоа колку убавина може да се постигне на себеси но и на другите.Точно пред 20 години беше и моето прво вработување во еден од тогаш престижните салони за убавина во Скопје. Кога се вратив во Битола, продолжив да работам во козметиката и да стекнувам искуство работејќи на повеќе места. Од пред 10 години со отворањето на “Viola beauty and spa center“ јас целото мое искуство и љубов кон козметиката ја остварив тука. Оваа година јас и мојот тим, на кои се гордеам, ќе прославиме 10 успешни години од отворањето на центарот. Со дваесет години искуство во козметологијата знаете дека мора да се следат сите светски трендови.20 години во козметологијата и да се работи она што се сака е успех. Кажете ни повеќе за тој период и каква е разликата во козметиката до денес

-Можам да кажам дека за сите овие години јас учам и се едуцирам покрај практиката и искуството низ годините, јас постојано вложувам во себе и во салонот, посетувајќи обуки, семинари, симпозиуми, конгреси и саеми за нега и убавина. Во тоа е вклучен и мојот тим на вработени кои мора да бидат специјално обучени со сите нови техники кои одговараат на посебните специјализирани третмани и нова модерна апаратура која се користи во салонот, за да се следат модерните технологии во козметологијата. На сите тие обуки и семинари се разменуваат мислења и искуства и создаваат врски, соработници и пријатели кои ми се многу значајни во работата и кариерата. Денес мора да се пратат сите новини и примената на новите технологии во козметологијата за да се биде успешен.Денес “Viola“ е современ, модерен салон со најмодерна апаратура каде секој може да пронајде најразлични третмани за нега и разубавување. Кажете ни повеќе за услуги за нега и разубавување.

Заради сето тоа денес во центарот располагаме со најнови и најсовремени третмани за лице и тело. Би ги навела ласерските третмани за трајна епилациаја на лице и тело- последен збор на техмологијата во козметиката каде има фантастични резултати. Потоа  би ја споменала и обуката за „Microblading“ т.н. „јапонска метода на исцртување на веѓи“ која е воведена за прв пат во нашиот салон пред 4 години. Таа метода ги истакнува веѓите и дава некој правилен и негуван израз на лицето заради тоа е мошне популарна меѓу клиентите. Нашиот салон најпрво ја воведе таа метода и со неа привлековме клиенти и пошироко од Битола како и од градовите Скопје, Прилеп, Охрид… Со тоа името на нашиот салон стана популарно и надвор од Битола. Тука би ги истакнала и антицелулитните третмани и третманите за слабеење со кои нашите клиенти имаат успешни резултати. А, и таквите се надополнуваат со вежби во теретаната или во фитнес центар кој е во склоп на “Viola“ центарот. Покрај негата, важна улога на нашиот салон е и професионалната шминка. Да насликаш убавина на нечие лице и за возврат да добиеш задоволство од другата страна-тоа е вистинското чувство кое неможе да се опише со зборови,може само да се доживее. Во склоп на салонот е и негата и средувањето на коса во нашиот фризерски салон со врвни стилисти. Потоа тука се и  современите услуги на педикир и негувани нокти во тренди нијанси. Сите овие години со квалитетни услуги ние имаме верни и и задоволни клиенти кои редовно го посетуваат нашиот салон.Со сите овие услуги ги задоволувате сите критериуми за да нашите модерни битолчанки бидат средени од глава до пети. Професионална шминка, вештачки нокти или коса се нешто вообичаено. Што мислите за тоа?

–Сметам дека најважно и на прво место се негуваниот и убавиот, сјаен изглед на кожата на лицето, тело и косата. Дури потоа треба да се обрнува внимание на шминка и фризура. Јас повеќе би советувала негуван и здрав изглед на кожата со малку шминка. Исто така и здрав начин на живот со режим во исхраната (дисциплина на тело и дух) и вежби кои би станале начин на живот. Со таквиот начин на живот би се постигнало задоволство од себе, поголема самодоверба и со тоа позитивна енергија. Со зрачење на таа позитивна енергија, кога самата жена е задоволна од себе, би зрачела и со посебна  внатрешна убавина која е можеби позначајна од надворешната убавина.Кога зборуваме за таа позитивна енергија можеме да забележиме дека насекаде околу нас се чувствува. Почнувајќи од Вас и Вашиот тим кои со сите клиенти настапуваат љубезно и културно и непосредно така да тие се чувствуваат вистински опуштено и со доверба, препуштајќи го  нивниот изглед во сигурни раце. Кажете ни повеќе за тоа ?

Тука би истакнала дека голем дел од моите соработници во тимот се со мене уште од почетоците на “Viola“ (некои и 9 години). Тоа всушност кажува се за нашата меѓусебна комуникација која е на професионално ниво, но сепак и морам да го споменам и меѓусебното почитување.  Јас работам рамо до рамо со нив и тие тоа го респектираат. Таквата атмосфера на непосредност пак се рефлектира и на нашата работа со нашите клиентите кои знаат дека со љубов ја работиме нашата работа. Заради тоа можам со гордост да кажам дека имаме долгогодишни клиенти кои ни се верни уште од самиот почеток од отварањето на “Viola“. Тука морам да истакнам дека имаме и многу клиенти од посилниот пол кои сакаат да бидат исто така негувани и да бидат во чекор со современиот свет. Тие многу ги користат услугите на спа-центарот, каде имаме најразновидни масажи од медицински како  и ароматични масажи за опуштање од напорната работа и темпо на современиот начин на живот.За цело време нашата соговорничка зборува со посебен сјај на лицето, очите и позитивна енергија која ја пренесе и нас. На прашањето од каде црпи енергија за да постигне се и биде успешна жена ни одговори:

-Само би рекла и нагласила, моето семејство… тука се мојот сопруг и двата сина со кои сакам да минувам што повеќе квалитетно време заедно. Колку што можам, јас сум со моето семејство, бидејќи со семејството ги полнам своите батерии. Заради тоа често патуваме заедно, понекогаш приватно, но, и кога одам на патувања поврзани со мојата работа, јас би сакала да ги поврзам работата и задоволството и повторно да бидеме заедно во тие моменти значајни за мене.Со сето ова можеме да кажеме дека си успешна жена која постојано се докажува на двете полиња. Бевте избрана и за успешен менаџер, а овде гледаме и други признанија и награди. Кажете ни повеќе за тоа:

-За цел овој период имам добиено повеќе признанија. Но, да ви кажам искрено моја најголема награда се моите задоволни клиенти, кои кога ќе ги видам задоволни од постигнатите резултати и среќни си заминуваат од салонот.

Разгворот го водеше, Жанета Ристевска

Фотографии: Сашо Ристевски

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »