Битолчанецот, Никола Талевски –Јапан го искачи највисокиот планински врв на Балканот, врвот Мусала кој е висок 2.925 метри надморска височина и се наоѓа на планината Рила во соседна Бугарија и да стане дел од поголемиот број битолчани кои го имаат освоено овој врв.
Според зборовите на Талевски, тие рано утрото се упатиле кон врвот, а биле десетина планинари, Македонци и Бугари.
-Тргнавме десетина планинари, но поради многу лошите временски услови македонскиот дел од екипата се откажа, и јас продолжив со Бугарите. По лошо време проследно со силен ветар и врнежи од снег, со многу потешкотии се искачивме на врвот Мусала, 2.925 м.н.в., ни рече Јапано по вибер комуникација, и не ја пропушти можноста со развејување македонско знаме, како страствен навивач, да ја искаже и поддршката на македонските ракометари на денешниот натпревар против Шпанија во Вараждин.

Никола Талевски – Јапан го освои највисокиот Балкански врв, Мусала 2.925 м.н.в.
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пелистер со нова победа, во Битола никој не победува во 2026 (фотогалерија)
- Пелистер одигра реми против Силекс во Кратово
- Кошаркарите со порака: победа над Гостивар како императив
- Ние сме со тебе и кога губиме, и кога водиме, ЌЕ ТЕ БОДРИМЕ! (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер поразен на свој терен во Битола, Вардар сам одлучува за титула (фотогалерија)





