Викендов во организација на скијачкиот клуб Меденица во Маврово се одржа првата овогодишна трка во велеслалом за деца од 6 до 16 години.
На оваа трка учествуваа тројца млади скијачи на скијачкиот клуб Пелистер од Битола и тоа: Ева Милевска, Дони Петличковски и Софија Петличковска.
Скијачите се натпреваруваа во тешки услови проследени со силен ветер, снег и магла, но тоа не беше проблем за младите битолски скијачи да остварат добри резултати на првата трка оваа сезона.
Така, Ева Милевска во категорија У-12 е третопласирана, а Дони Петличковски во У-12 исто така го освои третото место.
Софија Петличковска во У-16 е најдобро пласирана од битолчаните и го освои второто место.
На оваа велеслаломска трка покрај домашните имаше и странски натпреварувачи.
-Оваа сезона ја започнуваме со многу малку подготовки поради тоа што на ски – патеката “Копанки“ нема доволно снег, а сепак успеавме да се појавиме на ова прво овогодишно натпреварување со три натпреварувачи, кои постигнаа добри резултати. Се надеваме дека во идниот период ќе имаме поголем број на тренинзи и ќе бележиме подобри резултати, велат од ски-клубот Пелистер.






