Конечно се случи радост во дворот на баба Љуба која живее со населбата “Довлеџик“ во Битола, а неа ја донесоа новото раководство на раакометниот клуб Пелистер, ракометарите и дел од навивачката група “Чкембари“.
Сите заедно во скромниот дом донесоа дрва за огрев кој ги обезбеди ракометниот клуб Пелистер, а навивачите донесоа и прехрамбени продукти.
-Ракометниот клуб Пелистер заедно со навивачката група “Чкембари“ денес имаа донација на дрва за огрев како и прехрамбени продукти на нашата сограѓанка, 62-годишната Љуба Поповска. Бабата Љуба имаше потреба од огревно дрво за да ја презими зимата и во таа насока се одлучивме да донираме неколку кубици дрва за да има барем основни услови за живот, рече кратко Сашо Шамбевски, извршниот директор на РК Пелистер.
Навивачката група Чкембари донираше прехрамбени продукти со кои баба Љуба ќе ги дочека топлите денови.
Во дворот на баба Љуба се случи и голема работна акција, во која учествуваа сите, па така огревните дрва се прибрани во местото каде таа ги чува, а прехрамбените продукти навивачите ги сместија во домот, а за возврат на тоа што тие и го направија таа со прегратка и топла насмевка ги испрати.

Управата на РК Пелистер, ракометарите и навивачите донесоа радост во дворот на баба Љуба (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пелистер со нова победа, во Битола никој не победува во 2026 (фотогалерија)
- Пелистер одигра реми против Силекс во Кратово
- Кошаркарите со порака: победа над Гостивар како императив
- Ние сме со тебе и кога губиме, и кога водиме, ЌЕ ТЕ БОДРИМЕ! (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер поразен на свој терен во Битола, Вардар сам одлучува за титула (фотогалерија)





