Press "Enter" to skip to content

Фудбалерите на Пелистер ја завршија првата фаза од подготовките (фото)

Денес фудбалерите на Пелистер го одработија последниот тренинг од првата фаза од зимските подготовки, под раководство на тренерот Мане Секуловски. Тој со неговите помошници Пеце Миленсковски и Сашо Петровски работеа со фудбалерите на теренот на градскиот стадион под Тумбекафе.-Како што и се договоривме на првиот состанок со фудбалерите така и работевме во изминатите десетина дена, а можам да кажам дека во оваа фаза од подговките кои ги започнавме подоцна од останатите екипи, добро е сработено. Сите фудбалери кои се сега во тимот, иако доаѓаат од повеќе средини веќе претставуваат целина која тимски работи. Немаме некои проблеми кај сите фудбалери по првата фаза од подготовките и сите влегуваме во новата фаза воигрувањето на екипата, вели тренерот Мане Секуловски.

Утре фудбалерите ќе имаат слободен ден, а Секуловски за тоа што и како ќе работи од понеделник вели:-Беа разлика дали ќе продолжиме во Битола или Охрид планот е направен да во оваа фаза одиграме четири пријателски натпревари, кои се веќе договорени. Тоа се четири тест натпревари на кои сите фудбалери кои се во екипата ќе ја добијат својата шанса и полека ќе треба да го составуваме и тимот, односно првите единаест мина кои ќе истрчаат на првиот натпревар на 14 февруари против екипата на Победа.

Според здравствениот билтен, сите фудбалери кои се на списокот на Секуловски се во одлична форма и на нив тој може да смета во наредната фаза.Денес фудбалерите во најголемиот дел од тренингот играа меѓусебе, а само Петар Љамчевски тренираше самостојно, но од лекарскиот тим велат дека повредата на која се жалеше е минато и за брзо време ќе се врати со полна сила на тренинзите.

Исто така и четворица фудбалери од младискиот погон на Пелистер, денешниот тренинг го работеа сами, а додека вообичаено дел од тренингот на голманите со нив работеше Сашо Петровски.

С.Р.