Фудбалската федерација на Македонија во нејзиниот “службен весник“ “Мак фудбал“ ја објави одлуката на Дисциплинската комисија на ФФМ, која се однесува за битолскиот женски фудбалски клуб Атлетико и членовите на раководството Никола Петковски и Никола Гелевски.
Дисциплинската комисија на ФФМ на 17 декември 2017 година според нивниот правилник донесе одлука да ги казни „манипулаторите“ на натпреварот меѓу Атлетико и Борец, кој минатата година се играше во 2 коло од Женската фудбалска лига кој беше одигран на 13 септември 2017 година.
Дисциплинската комисија во својата Одлука вели дека Петковски и Гелевски врз основа на член 135 и 137 од статутот на ФФМ, казни добија како дел од ЖФК Атлетико и се суспендирани од фудбалот на две години и во тој период не ќе можат да извршуваа работи поврзани со фудбалот. Двајцата покрај суспезнијата, добија и казни од 500 евра во денарска противвредност.
Во образложението на Комисијата за донесените казни се вели дека раководството на клубот учествувало во нерегуларност, односно недозволено влијаеле на текот и исходот на споменатиот натпревар, а нерегуларностите ги пријавил до Комисијата, тренерот на Борец, Тоше Нацев.
Покрај поединечните казни на ЖФК Атлетико како клуб му се одземени девет бода од тековната сезона 2017/18, а исто така доби и парична казна од 1.500 евра.
Натпреварот кој се одигра во рамки на 2. коло од ПЖФЛ заврши со победа на Борец од 6-2 (3-2), а на истиот постоеле сомнителни уплати, за кои ФФМ и МВР истражуваа подолго време и донесоа заклучок дека постоеле нерегуларности, за што претходно беше информирана јавноста, но до донесување на одлуката на Дисциплинската комисија никој не соопштуваше детали од истрагата.
Против одлуката на Дисциплинската комисија казнетите имаа право на жалба до Комисијата за жалби при ФФМ.






