Press "Enter" to skip to content

Борче Костов-Жолтио: сите мото-кросисти на Ноќни волци ги започнавме подготовките Источно европскиот шампионат

Водечките луѓе на Европската мото-федерација деновиве го објавија и календарот на Источно европскиот шампионат на кој ќе учествуваат и македонските мото-кросисти, кои се членови на Мото федерацијата на Македонија, но за жај се уште го нема календарот за домашните трки.

-Поради тоа што првата мото-крос трка е закажана за 10-11 март во Грција, во градот Серес, викендов сите возачи на екипата на Ноќни Волци ги започнавме подготовките. Се надеваме дека оваа сезона, за разлика од минатата година ќе имаме и домашен шампионат, и трките ќе се бодуваат и за Македонскиот шампионат, вели Борче Костов – Жолтио.Оваа година Источно-европскиот шампионат ќе има седум трки, а покрај трката во Грција ќе се возат и три трки во Бугарија во градовите Севлиево, Самоков и Тројан. Покрај нив ќе се возат трки во Прунду – Романија, Крешево – Босна и Херцеговина и Глобаре – Србија.

За овој меѓународен шампионат во 2018 година возачите ќе немаат на располагање многу време, па затоа ќе треба да ги интензивираат подготовките, за што Костов вели:-Рано е закажана првата трка, а сите ние ја очекувавме некаде во април, но нема што да се прави. Затоа викендов сите кои возачи кои сакаат да возат оваа сезона, ги започнаа подготовките. Во екипата на Ноќни волци, седум возачи, ги започнавме подготовките, официјално, а секако дека трениравме и изминатиот период. Имавме два дена подготовки во Претор на песок и во Прилеп на патеката кај Лагово. Продолжуваме да тренираме секој поединечно во текот на работните денови, а во викендот ќе возиме на патеките, натпреварувачки меѓу себе. Секој работи по своја програма, но тука е вклучена “теретаната“, кардио-вежбите и вежби за подобра кондициска подготовка. Но, исто така, мораме добро да го искористиме овој период кога имаме топло време и можеме да возиме на патеките кај нас без да одиме на други патеки во соседна Грција. Грција ќе ја оставиме за последниот викенд кога, се надевам, дека ќе договориме двомеч со грчките возачи, а тоа ќе биде последен тест за нашата подготвеност пред стартот на Источно европскиот шампионат, вели Борче Костов –Жолтио со кој разговаравме додека го правеше редовниот сервис пред Шампионат на својот крос-моторцикл.

С.Р.