Press "Enter" to skip to content

По суспензиите и казните ЖФК Атлетико од Битола поднесе жалби до Комисијата за жалби на ФФМ

Согласно правната поука која ја наведе Дисциплинската комисија на ФФМ, по вчерашното објавување на одлуките за суспензии на ЖФК Атлетико од Битола, како и на неговите фудбалски функционери, доставени се жалби до Комисијата за жалби на ФФМ во рокот предвиден за поднесување на жалби.

Исто така до спортската јавност ЖФК Атлетико се обрати со соопштение, во кое се вели:

-ЖФК Атлетико – Битола ги дементира обвинувањата и се противи на одлуките на комисијата за безбедност и интегритет на ФФМ за нерегуларности на натпреварот помеѓу ЖФК Борец – ЖФК Атлетико. Обвинувањата не кореспондираат со вистината и шпекулации од овај тип прават сериозна штета на нашиот клубот, имиџот и многубројните членови на ЖФК Атлетико. Клубот, кој е неосновано казнет и нашите членови поднесоа жалба по изречената казна и повикуваат да се преиспита истата. Исто така повикуваме да се испита до крај и да се докаже изворот на мистериозните исплати и да се откријат лицата во чии што џебови тие завршиле. Должни сте да им објасните 100 родители чии што девојчиња настапуваат за нашиот клуб како настанал процесот на манипулација.