Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј во завршна фаза од подготовките за пролетниот дел

Одбојкарките на сениорската екипа на Пелистер Волеј се наоѓаат во завршна фаза од зимските подготовки и веќе размислуваат за првите официјални натпревари во продолжението на одбојкарската сезона.

Според планот кој го имаше стручниот штаб на Пелистер Волеј останува да се одработи уште последнаат фаза од подготовките, а тоа се контролните натпревари.

Со цел да има целосна реализација на планот на подготовки сениорките на Пелистер Волеј, в недела патуваат за Штип и ќе одиграат контролни натпревари со екипите на Студент и Виктори Волеј.

-Овие контролни натпревари се само вовед во вториот дел на сезоната кој ќе започни во втората половина на февруари. Во недела ќе бидат испробани повеќе комбинации, а во прв план ќе биди воиграноста и физичката подготовка на екипата, како и воочување на она што треба да се исправи во периодот пред самиот старт, истакнуваат од Пелистер Волеј.

Официјалниот дел од продолжението на одбојкарската сезона започнува три дена пред регуларниот дел, односно со првото коло од Националниот КУП на Македонија

Исто така и кадетките на одбојкарскиот тим на Пелистер Волеј завршија со зимските подготовки, а од понеделникот работат на стандардните тренинзи на кои ќе ја подигаме формата за претстојниот пролетен дел.