Вчера околу 19,00 часот во Битола на крстосницата од улица „Филип II Македонски“ (поранешна улица “Иван Милутиновиќ), улица „Прохор Пчински“ и улица „Цане Василев“, кај влезот во пазарот, се случило сообраќајна незгода во која тешко е повреден пешак, стои во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи, на веб- страната.
Имено патничко моторно возило „рено лагуна“ со битолски регистерски таблици управувано 26- годишниот од А.Ј. од село Карамани-битолско, удрило во пешакот 70- годишен С.С. од Битола, при што пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.






