Press "Enter" to skip to content

И денес мирен протест на “Магнолија“ – „Доста е партија, сите за Македонија“

Како што рекоа во неделата, кога беше одржан првиот мирен протест на плоштадот “Магнолија“ дека секоја недела на пладне, ќе се одржува мирен протест, денес на “Магнолија“ се одржа вториот.

На овој мирен протест на кој имаше 200-300 битолчани, организаторите повторија дека тој се организира поради тоа што биле незадоволни од актуелните политички случувања во Македонија.Протестот се одржа под мотото  „Доста е партија, сите за Македонија“, а иницијаторите на собирот ги повторија четири барања:

-не за промена на името,

-не за двојазичност на целата територија на Република Македонија,

-не за референдум за било каква промена на уставот, и

-не за договорот со Бугарија.

На протестот зборуваше историчарот Александар Јаневски.

More from ВестиMore posts in Вести »