Press "Enter" to skip to content

Новиот лидер на битолските социјалдемократи, Менде Тасевски, го претстави својот тим

Синоќа на изборна конфенција новиот лидер на основната организација на СДСМ од Битола, Менде Тасевски, кој беше назначен пред околу еден месец, од страна на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го претстави својот тим, со кој ќе ја раководи партијата во наредниот период. Нови членови на Извршниот одбор, кој беше едногласно избран од сите присутни во салата за состаноци на СДСМ во Битол ќе со сочинуваат:  Менде Граматковски и Горан Козаров – директори на јавните претпријатија “Стрежево“ и “Водовод“, Александар Цуцуловски раководител во министерството за земјоделие во Битола, советниците Зоран Стојчевски, Елеонора Илиевска, Билјана Поповска и Жаклина Наумовска, Менде Диневски, Гого Видимче, Лилјана Обедниковска и Бисера Стојчевска.   Во новиот Извршен одбор остануваат и девет поранешни членови од стариот.Тасевски по изборот на Извршниот одбор рекол дека сега е време да се покаже на граѓаните како се води централна и локална власт, а посебно на му се зблагодарил на досегашниот претседател на општинската организација, Васко Ковачевски.

На изборната конференција беше избран и Надзорен одбор

More from ВестиMore posts in Вести »