Фудбалерите на Пелистер со победата над екипата на Работички под Тумбекафе, конечно по многу денови поминати во неизвеснот и нервоза, донесоа радост за љубителите на фудбалот во Битола.
Само по една победа и четири бода од два натпревари по ремито со Победа и домашната победа над Работнички, се промени атмосферата во фудбалска Битола. Изминатите 24 часа се зборува само со убави зборови за однесувањето на фудбалерите на теренот, за залагањето и нивната мотивација.
Во таа насока е и изјавата на тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски, кој видно задоволен од победата рече:
-Сакам од срце да им честитам на фудбалерите на Пелистер, зошто се на натпреварот против екипта на Работнички надминаа себе си, изгинаа за клупските бои за важни три бода до последната минута. Не беше лесно да се игра против одличен ривал, но покажавме карактер и кога противникот не очекуваше, зададовме завршен удар и постигнавме трет гол. Многу мои фудбалери завршија на крајот од силите и покажаа приврзаност кон клупските бои, а само така и никако поинаку ќе се однесува во наредните наторевари, без разлика каде да настапуваме.
Иако не играше во стартните единаесет печат на натпреварот стави Иве Трифуновски кој постигна гол за три бода во последните минути.
-Не сакам сега да зборувам за голот, поважно сега е тоа што победивме и имаме три битни бода на табелата. Мора да продолиме со вакво темпо и понатаму и да бидеме противник кој сите ќе го респектираат, рече Иве Трифуновски.






